Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Според сеуште неразјаснети околности вчера околу 13 часот во неговата куќа во селото Шупли камен е пронајден мртов 79 - годишниот Радивоја Тасевски.
Мртвото тело на старецот го пронашла една негова сосетка на која и станало сомнително тоа што го немало 4 дена во неговиот двор и отишла да види за што се работи. Од прозорецот го видела починатиот човек како лежи на креветот. Ги известиле неговите деца во Скопје, кои откако пристигнале во селото случајот го пријавиле во полиција. Сношти телото на починатиот е предадено на обдукција во Скопје, а денес на лице место увид направи судско - полициска истражна комисија по што се очекува официјално соопштение за случајот. Полицијата денес не соопшти никакви поединости околу причините за смртта на старецот. Починатиот е пензионер, неговите соседи кажуваат дека во селото го познаваат како мирен човек и собирач на стари предмети, меѓутоа во последните неколку години двапати пријавувал во полицијата дека бил жртва на насилство од непознати напапаѓачи.