×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ученици од “Перо Наков“ учеа маркетинг во Шпанија

    24.04.2013 13:56 | KumanovoNews

     Петнаесет ученици и две професорки од економското училиште “Перо Наков“, минатиот месец престојуваа во сродни училишта во Гренада, Шпанија, каде се стекнале со практични знаења од областа на маркетингот.

    Ученици од “Перо Наков“ учеа маркетинг во Шпанија

    Стекнатиото искуство денеска го пренесоа на нивните соученици.

    Сакавме да ги споделиме нашите искуства и сознанија со нашите колеги наставници и учениците, како и со сите други средношколци кои сакаат да учествуваат на нашите работилници кои што ги организираме. На 19 и 20 април се организираше образовно рандеву во Тетово на кое што имавме штанд и фралерите од проектот ги поделивме на ученици од училишта ширум Македонија - изјави Гордана Стојановска, професор по економски предмети во “Перо Наков“.

    Учениците се задоволни од она што го научиле за маркетинг истражувањата.

    Нашата задача беше во Шпанија да се подготвиме за истражувањата на пазарот. Учевме и за методите, за маркетинг, прибиравме податоци, кои ги анализиравме и донесовме заклучоци. Стекнавме многу знаења, го вежбавме англискиот јазик, се запознавме со многу нови пријатели, со шпанската култура и добивме на крај сертификати. Истовремено ги презентиравме нашите сокови „Сано„ - вели Тамара Стојановска, ученичка во “Перо Наков“.

    Нивни домаќини во Гренада биле училиштата “Колосеум“ и “Албион“. 

    Десетмесечниот проект е дел од програмата за животно учење Леонардо Да Винчи и е финансиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.