Ученици од “Вук Караџиќ“ и “Дитурија“ заедно на фолклор
18.02.2014 08:16
| KumanovoNews
Учениците од основните училишта “Вук Кaраџиќ“ и “Дитурија“ од с.Липково заедно подготвуваат фолклорни точки.

Во сабота имаа проба и вежбаа македонски и албански песни и ора. Вклучени се ученици од нижите и вишите одделенија, и момчиња и девојчиња. Заедничка приредба и презентација ќе има кај нас во април, а ние кај нив одиме во октомври - вели Надица Петровска, директорка на “Вук Караџиќ“.
Двете училишта соработуваат во рамки на проектот за мултикултурно образование.