Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Само три ученици од ромска националност се вратиле од страство и ја продолжиле наставата во ОУ „11 Октомври„, откако од почетокот на учебната година си заминаа дури 44 ученици.
Училиштето веќе трет пат доставило покани до семејствата да дадат објаснување зошто нивните деца не се во училиштето. Директорот на училиштето смета учениците нема да можат да ја продолжат наставата, туку дека ќе ја изгубат школската година.
Ние сме должи да го следиме нивното отсуство и на секои 15 дена да доставиме покана до нивните родители.Во овој случај тие се во странство и како образовна институција се консултиравме со просветниот инспекторат и согласно правилникот за педагошки мерки ќе донесеме одлука, која ќе биде во корист на двете страни. Но со оглед на испуштеното градиво од скоро цело полугодие не сум оптимист дека овие ученици ќе може да ја продолжат наставата во оваа школска година.Континуирано го следиме целиот проблем и заедно со невладина ромска организација ќе излеземе на терен евентуално да се информираме дали уште некое дете е пристигнато, а не е пријавено во училиштето - вели директорот Круне Младеновски.
Тој додава дека учениците не се заминати орагнизирано, односно не се подведени од нелегален канал преку извесна агенција заради барање азил, туку се заминати од економски причини најверојатно на сезонска работа на земјоделски плантажи во западно-европските држави.
Во ОУ 11 Октомври најголем дел од учет деца од населбата Средорек и од пето до осмо оддление запишани се вкупно 158 ученици.