×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Учениците во акција против говор на омраза

    20.02.2015 14:22 | KumanovoNews

    Ученици од основното училиште „11 Октомври„ денеска  пишуваа пораки против говор на омраза на повеќе јазици.

    Учениците во акција против говор на омраза

    Настанот го организираше Центарот за меѓукултурен дијалог со цел да се подигне свеста кај младите за говорот на омраза на интернет и воопшто безбедноста на интернет.

    “За нас е суштински важно да се разбере што се подразбира под говор на омраза. Дали е тоа дискриминација, антисемитизам, расизам за што мораме да признаеме дека често се среќава кај нас. Децата беа одлични соработници и се надеваме дека на било кој начин ова ќе им биде корисно. Ова ни е последен настан, и се надеваме дека нешто ќе сменат во своето однесување.  Ќе направиме професионално видео како круна на соработката“ - изјави Тамара Лазаревска, младински активист во ЦИД.

    Учениците потврдуваат дека секојдневно на социјалните мрежи среќаваат говор на омраза и сметаат дека оваа негативна појава треба да се искорени.

    “ Се вклучувам на фејсбук и таму има голем процент на говор на омраза. Тинејџерите најчесто го прават тоа. Се трудам колку можам да се дистанцирам. Тинејџерите многу малку се безбедни на Интернет, затоа што сите имаат информации кои се, каде се“ - вели Вукашин Станојковиќ, ученик во деветто одделение во „11 Октомври„.

    Слични активности неделава се спроведуваа и во основните училишта “Кочо Рацин“ и “Наим Фрашери“.