Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На свеченоста пристутни беа гости од другите училишта од Општината,од Локалната самоупрва, родители и ученици.
Со свечена приредба основото училиште „11 Октомври„ од Куманово ја одбележа 66 годишнината од постоењето на училиштето. На свеченоста пристутни беа гости од другите училишта од Општината,од Локалната самоупрва, родители и ученици.По повод патрониот празник во училиштето оваа недела се реализираат бројни активности во рамките на програмата „Татковината во октомври„.
Патронатот на нашето училиште го славиме заедно со големиот празник 11 Октомври.Празникот го честувуваме со повеќе активности кои ги реализираат нашите ученици, а посебно сме горди на постигнатите резултати на повеќе општински и регинални натпревари. Оваа ќе биде поттик да работиме на овој план и оваа учебна година и да придонесеме за развојот на образовниот процес во Општината - истакна директорот Круне Младеновски.
Пред крајот на свеченоста на наставниците и професорите кои оствариле работен стаж од 10 ,15 и 20 години им беа врачени благодарници и пригони подароци.Благодарници беа доделени и на институциите, фирмите и поедиците кои оствариле успешна соработка со училиштето во тековната година. По повод патрониот празник во училиштето се релизираше ликовната колонија Октомвриска скулптура, каде твореа ученици од повеќе Основни училишта од Куманово. Истотака беше организирано и литературно читање пред школската биста.