Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Основното училиште ,Браќа Рибар,, од с. Табановце потпиша меморандум за соработка со невладината организација „Коло на српските сестри“ за реализација на проектот ,,Децата градители на мостови за соработка во регионот,,.
Во овој проект освен ,,Браќа Рибар,, ќе биде вклучено и училиштето ,,Кирил и Методиј,, од с.Кучевиште, како и две основни училишта од од Врање и Прокупље од соседна Србија. Целта е да се подобри соработката помеѓу овие четири училишта од двете земји, да се отвори можност за збратимување, посети и заедничко творење на ликовен и литературен план.
Ме радува што ќе бидеме дел од овој проект и што нашите ученици ќе имаат можност да патуваат во Прокупље и да се дружат со другите дечиња, а секако што ќе можат да ги покажат и своите литературни и ликовни способности. На тој начин ќе имаат можност да го претстават нашето училиште на останатите учесници на проектот - изјави в.д директорот на училиштето, Розита Благојевиќ.
Проектот ќе се спроведува од периодот на потпишување на меморандумот до 20 април со поддршка од Канцеларијата за соработка со дијаспората и Србите во регионот на Република Србија.