Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Централното основно училиште „Светозар Марковиќ„ во Старо Нагоричане, каде наставата се изведува на српски јазик денеска ја прослави школската слава Свети Сава.
По тој повод во училиштето се одржа приредба, беше организиран прием од градоначалникот на учениците и отворена изложбата на слики од ликовната колонија „Карпино 2010„.
Со пригодна програма учениците и вработените во нашиот колектив му одаваат признание на нашиот, српски учител и просветител Свети Сава.Децата се претставија со неколку музички точки и рецитал. Српската заедница во Македонија спроведе ликовен конкурс и ги награди најуспешните трудови со пригодни награди и подароци- рече директорката Жаклина Милинковиќ.
Прославата на Свети Сава се одвива под покровителство на Општината Старо нагоричане, каде што градоначалникот Миодраг Јовановиќ организираше прием за гостите, а исто ја организираше и изложбата.
Изложбата е отворена во просториите на училиштето и нашите денешни гости и оние кои ќе изразат желба понатаму ќе можат да ги видат делата, тоа можат да го сторат во наредните 15 дена. Ова е прва професионална ликовна изложба што се организира во нашата општина и ние сме многу среќни поради тоа. Со ова покажуваме дека одиме напред како со инфраструктурните проекти, развојот на туризмот, исто така и со културата-рече градоначалникот Јовановиќ.
На прославата на училишната слава присуствуваа гости од Куманово и Скопје.