×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Улица во населбата Карпош доби канализација

    05.10.2010 09:09 | KumanovoNews

     Мрежата во должина од 470 метри беше предадена во употреба викендов во присуство на кумановските пратеници и раководството на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

    Улица во населбата Карпош доби канализација

     Жителите на улицата 40 во населбата Карпош добија приклучок на градската канализациона мрежа. Мрежата во должина од 470 метри беше предадена во употреба викендов во присуство на кумановските пратеници и раководството на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

    Деценискиот проблем со кој се соочуваа жителите на населбата Карпош, оние што живееат „преку„ асфалтираниот пат, во продолжение на ул. 40, конечно е решен. За рекордни 13 денови, завршија работите околу ископот и поставувањето на 470 метарската канализациона мрежа, со десет шахти и приклучоци на семејните куќи во споредните улички. Благодарение на нашите заложби како пратеници, како и општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, повеќе бизнис пријатели, жителите конечно можат да се почувствуваат како граѓани од прв ред. Парадоксот да биде уште поголем,овие граѓани редовно го плаќаат надоместокот за комуналии, и давале пари за изградба на канализационата мрежа. Средствата со години оделе во буџетот на Општината, или требало да одат таму, а сигурно се користени за други цели, а инфраструктурните благодети граѓаните ги почувствуваа дури откако проектот го реализираше ВМРО-ДПМНЕ - рече пратеникот Петар Поп - Арсов.

    Од партијата сметаат дека општинските средства треба да се користат за вакви и слични намени, да се излезе во пресрет на барањата на граѓаните, наместо да се расфрлаат за странски естрадни звезди, шоу-мени и разноразни забавувачи.