Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Улиците “Тодор Велков“ и “11 Октомври“ во центарот на градот и денеска се блокирани од полицијата.
Граѓаните само пеш можат да поминат по наведените улици, а возила не се пропуштаат. Во овој дел од градот се наоѓаат Полициската станица Куманово, Основен суд Куманово, општинската зграда и подрачните министерства. Од МВР вчера соопштија дека приодот е блокиран за поголема безбедност. Во градот е мирно и нема инциденти, по минатонеделната вооружена престрелка во населбата Тоде Мендол.