×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • УНИТ: „Некој работи на раскол меѓу стечајците„

    14.04.2011 12:12 | KumanovoNews

    „Овие денови нашето здружение е под притисок на некои лица кои работат на тоа да внесат раскол меѓу стечајците со намера да не приклонат кон политиката на актуелната владеачка партија„- рече претседателката на Здружението на стечајните работници ,,УНИТ‘‘ Лилјана Георгиевска на денешниот состанок на стечајците во Куманово.

    УНИТ: „Некој работи на раскол меѓу стечајците„

     Таа на состанокот како човек кој деновиве работи на нејзина дисквалификација и на раскол во раководството и меѓу членството го посочи Томо Крстиќ од Велес. Лидерката на стечајците го прочита и писмото на претседателот на стечајците од Охрид и Ресен, во кој изјавува дека останува на линијата на активна поддршка на актуелното раководство на Здружението ,,УНИТ‘‘ и на досегашните единствени ставови за правата на стечајните работниции. Георгиевска на денешниот состанок со кумановските стечајци инсистираше на нивниот став во врска со, како што рече, ,,инсинуациите во одредени злонамерни кругови дека работи и Здружението го користи за обезбедување на одредени лични интереси и бенефиции‘‘. Присутните на состанокот се изјаснија дека станува збор за неосновани обвинувања и остануваат на довербата во претседателката на нивното Здружение. Здружението „УНИТ„ останува и на опозициската линија против актуелната власт, поради тоа што во изминатиот период не исполнила ниту едно нивно барање.