Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во новиот бутик за деца “Урбан Бејби“, најмладите кумановци можат да се облечат од глава до петици по поволни цени.
Под мотото “Висок стил за малите луѓе“ во бутикот освен модерна облека за секојдневна употреба може да се најде и гардероба за свечени моменти, пред се родендени и свадби.
Граѓаните конечно имаат место каде можат да ги дотераат децата. Се работи за несекојдневна гардероба, за на училиште и за свечени моменти. Овие модели не можат да се најдат на друго место во Куманово. Се концентриравме на квалитетот, пред се на македонско и турско производство, а цените се прилагодени на нашиот стандард - вели Ивана Дукадиновска, сопственик на “Урбан Бејби“.
Во бутикот се продава гардерба од македонскиот бренд “тила“, од кумановската фабрика специјализирана за бебешка облека “тиди“ и турските марки “чикчилд“, “чикоби“ и меккејс“ за бебиња и деца до 12 години.
Тоа е облека од квалитетен органски памук. На потрошувачите ќе им понудиме и обувки за деца. Од досегашното искуство иако сме отворени пред 20 дена гледаме дека за граѓаните пресуден е квалитетот, но и пониска цена им одговара. Од средина на август ќе ја вметнеме есенската колекција, а летната ќе биде со попуст од 25 до 30 отсто - додава Дукадиновска.
“Урбан Бејби“ се наоѓа во центарот на градот, спроти хотел “Кристал“.
(комерцијален текст)