×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Успешна крводарителска акција на СДСМ

    30.07.2010 14:40 | KumanovoNews

    Во просториите на општинската организација на СДСМ денеска се одржа крводарителска акција по повод Илинден. Акцијата се организираше во соработка со Црвениот Крст и службата за трансфузиологија при Општа Болница Куманово.

    Успешна крводарителска акција на СДСМ

     Оваа акција се одржува по четврти пат, а ја организира комисијата за здравство во општинската организација.Традиционално двапати годишно организираме крводарителски акции на 2 Август и на 17 март, Денот на црвениот крст. Секогаш нашите акции се масовно посетени, благодарение на луѓето што  даруваат крв и со тоа ја покажуваат својата хуманост на дело.Ние сме рекордери во соберени крвни единици, по една акција.Минатата година обезбедивме дури 96 крвни единици - вели претседателката Снежана Захариева.

    Денеска за еден час имаше 30 крводарувања што покажува дека акцијата ќе биде повеќе од успешна. По традиција секоја година крводарителите избираат кум, кој носи печено прасе и сите се собираат на заеднички ручек И дружење. Кум на овогодишната илинденска крводарителска акција е Зоран Стојмановски, а наредната година ќе биде Бобан Захариев.

    По 16 пат давам крв и ќе продолжам додека ме служи здравјето, бидејќи со тоа помогнам на луѓето на кои им е таа неопходна.Мината година прифатив да бидам кум затоа што сакам да се дружам со моите сопартијци и пријатели- вели кумот Стојмановски.