×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Уште седум дена за алицирање проекти за рурална инфраструктура

    18.02.2020 11:37 | KumanovoNews

    Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) потсетува дека, Јавниот повик за поднесување на барања за финансиска поддршка преку Програмата за капитални субвенции истекува за седум дена, заклучно со 25 овој месец.

    Уште седум дена за алицирање проекти за рурална инфраструктура

    Финансиската поддршка е наменета за Центрите за развој на планските региони.

    Средствата коишто ги доделува МЗШВ се наменети за финансирање на инвестиции за реконструкција и пробивање на пристапни патишта до земјоделско земјиште.

    - Со помош на овие средства, Центрите имаат можност да реализираат инвестиции за подобрување на руралната патна инфраструктура преку изградба и реконструкција на пристапни патишта во подрачја со интензивна земјоделска дејност. Со ваквите инвестиции ќе се подобри и олесни пристапот до обработливите земјоделски површини, што е особено важно за земјоделците кога ги вршат агротехничките мерки, бербата и транспортот на земјоделските производи, - соопштуваат од МЗШВ.

    Право на учество имаат сите Центри за развој на плански региони на територија на Република Северна Македонија кои се регистрирани согласно Законот за рамномерен регионален развој.

    Главната цел на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е да се подобри руралната патна инфраструктура, која е основен предуслов за успешен развој на земјоделството.