×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Kазината и обложувалниците да се оддалечат повеќе од 500 метри од училиштата, усвоен законот за игри на среќа

    07.02.2024 21:06 | KumanovoNews

    Собранието на денешната седница со 55 гласа „за“ и ниту еден „против“ ги усвои измените на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, со кои што се предвидува обложувалниците и казината да бидат оддалечени најмалку 500 метри од основните и средните училишта. Законот беше донесен во скратена постапка, со европско знаменце.

    Kазината и обложувалниците да се оддалечат повеќе од 500 метри од училиштата, усвоен законот за игри на среќа

    Со законските измени, обложувалниците и казината имаат рок од една година да ги преселат деловните простории на најмалку 500 метри од училиштата.

    Против носењето на овој закон во дискусијата беа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кои бараа тој да биде повлечен, но потоа не гласаа „против“.

    Предлагач е Владата, која вели дека законот се носи за заштита на младата популација од лоши и несоодветни навики за нивната возраст.

    Од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) и Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) бараат од претседателот Стево Пендаровски да не го потпише Указот за прогласување на законот и најавуваат дека ќе протестираат и дека ќе поднесат тужба до Уставниот суд. Според нив, со законските измени без работа ќе останат 10.000 вработени во секторот, а ќе се стимулира коцкање на црно. (СДК.мк)