Утре неработен ден - ќе се празнува „Св.Кирил и Методиј“
23.05.2022 10:25
| Сузана Николиќ
Денoт на сесловенските просветители - „Св. Кирил и Методиј“ е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците, 24 мај 2022 година, вторник, Денoт на сесловенските просветители - „Св. Кирил и Методиј“ е неработен ден.
Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Северна Македонија им го честита празникот "Св.Кирил и Методиј", Денот на сесловенските просветители.