Утре изложба „Шарено јајце„
20.04.2011 10:00
| KumanovoNews
Утре во 12 часот во Центарот за култура ќе се одржи традиционалната манифестација „Шарено јајце„.

На изложбата ќе бидат прогласени победниците на најубаво украсените велигденски јајца што ги изработиле учениците од основните училишта од градот, градинките и невладините организации. Најдобрите ќе добијат награди и признанија. Годинава по дваесет и прв пат се организира оваа манифстацијата.