Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Под мотото „Ајде на садење, батали политика бар денес“, утре ќе биде одржана седмата акција „Ден на дрвото - пролет 2011“ во која ќе бидат засадени над три милиони дрвца.
Акции за озеленување се организираат и во општините Куманово, Старо Нагоричане и Липково.Кумановци утре ќе садат дрвца на локалитетот Живкова Карпа и на Градскиот кеј. Во 12 часот таму ќе сади општинската администрација и учениците.
Во општината Старо Нагоричане ќе се оплеменува просторот над старото училиште во селото Старо Нагоричане, каде ќе се засадат 20 илјади дрвца.
Во Липково ќе се сади во селото Оризаре.
За помасовно учество во акцијата, Владата го прогласи утрешниот ден за неработен, што ќе се одработи во сабота на 9 април.
Во изминатите шест акции беа засадени над 30 милион дрвца на површина од 8.641 хектари и посеано е семе за четири милиони садници.