Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Здруженито на граѓани „Карпино„, и оваа година ќе ја организира традиционалната манифестација „Пивтијада„ во повод големиот христијански парзник „Водици„.
Прославата започнува утре во 13.30 часот пред ресторанот „Грација„ каде под шатори ќе започне варењето на месото за пивтиите во големи казани по сите православни адети. Потоа ќе следува богата културно-уметничка програма со настап на КУД „Панче Пешев„, а Гордана Митровска-сопственичка на Беба- Етно шоп ќе го преземе кумството за оваа година.Гостите на манифестацијата ќе бидат послужени со посен ручек.
Во среда на Водици во 20.30 часот ќе се одржи централната манифестација на Пивтијатада во ресторанот „Грација„. Тогаш ќе се избира најголема и највкусна пивтија. Дел од пивтиите ќе бидат поделени на децата со посебни потреби.