Увидот во избирачкиот список од 16 февруари
06.02.2014 15:58
| KumanovoNews
За претстојните претседателски избори закажани за 13 април, гласачите можат да проверат дали се во избирачкиот список во период од 16 февруари до 7 март во подрачните канцеларии на Државна изборна комисија.

ДИК најдоцна 15 дена од денот на распишување на изборите, Избирачкиот список го става на јавен увид во своите подрачни одделенија и месни канцеларии. Јавниот увид трае 20 дена - стои на интернет страната на ДИК.
Граѓаните кои штотуку станале полнолетни треба да проверат дали ги има во избирачкиот список, а оние кои смениле адреса на живеење треба да ги ажурираат податоците.