×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВАШИ ПИСМА: Доброволна екскурзија под притисок

    09.09.2010 10:10 | KumanovoNews

     Нашите деца иако имаат само девет години изложени се на постојан притисок да се пријават доброволно за  дводневна екскурзија во Охрид .

    ВАШИ ПИСМА: Доброволна екскурзија под притисок

     Во наредните неколку денови родителите на учениците во ОУ „Кочо Рацин„ имаат обврска да ги пријават своите деца на дводневна екскурзија до Охрид. Екскурзијата ќе се реализира во септември и ЗАДОЛЖИТЕЛНА е за сите деца. Зошто ова училиште организира екскурзијии за деца од четврто одделение до Охрид, кога овие исти ученици минатата година беа на еднодневна екскурзија до Крушево? Зошто ова училиште организира екскурзии секоја година и тоа на долги релации, и секогаш со истата туристичка агенција „Де-ма турс„ ?  Но, најголемото прашање е зошто овие екскурзии се задолжителни? Ве молиме да го актуелизирате овој проблем, затоа што училиштата не се сопственост на директорите и на одредени туристички агенции, а и учениците и семејствата не се во нивна сопственост. Нашите деца иако имаат само девет години  изложени се  на постојан притисок да се пријават доброволно за одат на екскурзија.

                                                                    Благодариме на разбирање, група родители