Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Фолклорот е најубава работа која постои. Кој не заиграл тој не ја запознал убавината на играта и песната, убавината да се сочува традицијата, убавината на дружењето и запознавањето на нови луѓе.
Ако еднаш почнеш да играш фоклор, веќе не престануваш. Секој ден тежнееш да научиш нешто ново, да излезеш на бина пред луѓето и со насмевка да ја одиграш својата игра. Секое друштво настојува што повеќе да патува и да ги пренесува своите народни обичаи на другите. КУД “Карпош“ од Куманово со таа цел тргна кон Србија, по којзнае кој пат. Овој пат беа гости во околината на Јагодина, поточно во местото Мајур, на годишен коцерт на тамошното друштво “Бранко Чопиќ“, кој го прославуваше својот 58 - ми роденден. Се беше договорено меѓу раководствата на двете друштва и забавата требаше да почне. Освен овие друштва, се појавија и други од Србија и направија фантастична програма. КУД “Карпош“ настапи со фрагмент од кумановските игри, одушевувајќи ги тамошните мештани. Концертот беше успешен, а потоа следуваше дружење кое траеше до доцна во ноќта. Гостите од Куманово се прекрасни луѓе и оставија многу убав впечаток. Членовите на двете друштва се спријателија, и неколку месеци по концертот секојдневно се во контакт и едвај ја чекаат првата наредна средба. КУД “Бранко Чопиќ“ се заблагодарува во оваа прилика на гостите од Куманово, со желба повторно да се сретнат на истото место или на некое друго место. Посебна благодарност до претседателот на КУД “Карпош“ Стојче Стефановски и до неговото семејство. Македонците се прекрасни луѓе исто како и Србите. Некогаш бевме едно, и сега кога ќе се сретнеме не постојат две држави, два народа, само пријателство. Многу настапи и успех во 2015 година ви посакува КУД “Бранко Чопиќ“.
Јовица Димитријевиќ, претседател на КУД “Бранко Чопиќ“, Мајур