Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски на верниците од православната и католичка вероисповест им го честита престојниот христијански празник Воскресение Христово- Велигден.
По повод голем христијански празник Велигден на сите граѓани од православната и католичка вероисповест им упатувам честитка со желба празничните денови да ги поминеме во духовен и сеопшт мир, разбирање и толеранција. Со почитување на традициите и вредностите го зајакнуваме нашиот дух и нашата верба. Овој голем празник ја симболизира победата на доброто над злото и влева надеж за подобро утре. Нека ни е среќен и вековен празникот. Христос воскресна! - се вели во честитката на градоначалникот Дамјановски.