Велигденски концерт во „Свети Никола„
19.04.2011 07:28
| KumanovoNews
Секторот за култура и фондацијата за култура на Куманово, по повод големиот христијански празник Велигден,вечерва организира концерт на женскиот хор „Злата Мегленска„ во соборниот храм „Свети Никола„.

Хорот работи во Кумановско-полошката епархија е доста познат кај нашите граѓани. Репертоарот ќе биде автентичен на поводот по кој се организира. Затоа очекуваме голема посета од граѓаните, поради што обезбедивме 200 места за седење и уште толку во галеријата на црквата- вели Жико Крстевски, раководител на Секторот за култура.
Концертот е закажан во 20 часот, а се организира по шести пат.