×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Владата донесе одлука за намалување на цените на прехранбени производи за најмалку 10 отсто

    19.09.2023 20:51 | Сузана Николиќ

    Владата на денешната седница  донесе одлука за посебни услови за трговија на одделни стоки, определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, како и обврска на трговците да прибавуваат определени видови и количества  одделни стоки на потрошувачите, според определен редослед.

    Владата донесе одлука за намалување на цените на прехранбени производи за најмалку 10 отсто

    За најмалку 10 отсто ќе се намалат цените на ориз, брашно пченично тип 400 и тип 500, бел и полубел леб, векна, индустриски тип 450 грама, со исклучок на свежо печен леб во маркетите, други пекарски производи, бисквити, наполитанки, тестенини. Се намалуваат цените и на јунешко, свинско и пилешко месо, на колбас, пилешка посебна салама и на паштета. Нови цени ќе има и за млечните производи и тоа за трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%,  во пакување од 1 литар, јогурт, кисело кравјо млеко, павлака, традиционално кравјо бело сирење и мешано бело сирење, традиционален кравји и мешан кашкавал, на јајца, овошје и зеленчук.

    "Највисоките цени овие производи/стоки се утврдуваат на нивото на цените (со исклучок на цените на акциска продажба), коишто се применувале на 1 август 2023 година, во трговијата на мало, односно цените на овие производи се намалуваат за најмалку 10%. Трговците за вршење дејност трговија на мало, производите/стоките што се предмет на оваа одлука и коишто се поставени на полиците, фрижидерите и во разладните уреди, треба јасно да ги обележат со натписот „гарантирана цена”, што е објавен на веб-страницата на Министерството за економија", велат од Владата.

    Одлуката е донесена имајќи ги предвид состојбите на пазарот од страна на учесниците во ланецот на трговија на големо и на мало, коишто, според предлагачот на Одлуката, Министерството за економија, предизвикаа сериозно зголемување на цените на основните прехранбени производи.

    "Следејќи го растот на цените на домашниот пазар и потрошувачката моќ на граѓаните, оценето е дека за заштита на животниот стандард на населението е потребно повторно да се ограничат цените на слободниот пазар на одделни прехранбени производи, коишто се доминантни производи за конзумирање и за коишто Државниот завод за статистика објавува месечни статистички податоци за мерење на трошоците за живот.
    Целта на владината Одлука е да се спречат натамошни пореметувања на пазарот и да се отстранат штетните последици од пореметувањето на пазарот во поглед снабдувањето на населението со основните прехранбени производи", стои во соопштението.

    Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а ќе се применува до 30 ноември 2023 година, со можност за продолжување доколку состојбата на пазарот и понатаму го бара тоа.

    "Со Одлуката, им се забранува на трговците на мало да нудат акциска продажба (акција) и промотивна продажба (промоција) при ставањето во промет на земјоделски и прехранбени производи. Забраната ќе важи до 30 ноември 2023 година. Воедно, одлучено е, цените во трговијата на мало, коишто се намалуваат поради истекување на рокот на земјоделските и прехранбените производи, да не се сметаат за акциска продажба (акција)“, велат од Владата.