Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Владислав Трајковски (24) синоќа едногласно е избран за нов претседател на Социјалдемократската младина во Куманово.
Трајковски е дипломиран економист, член е на СДСМ од 2007 година и кандидат на листа на советници во 2013 година. Откако ја доби подршката на сопартијците, новиот претседател се заблагодари за поддршката и вети дека во наредиот период ќе ја оправда нивната доверба.
Јас како нов претседател на локален клуб на СДММ Куманово заедно со новото раководство ќе продолжиме со исто темпо и уште поголем ентузијазам да работиме за инволвирање на младите во политиката и зголемување на членството во нашата партија. Ќе работиме на разни проекти, заеднички со младите ќе ги решаваме проблемите, ќе реализираме културни, спортски, забавни настани и се она што ги засега младите и ќе го подобри животот во нашиот град - рече Трајковски.
Пред присутните се обрати лидерот на СДММ на Македонија Стефан Богоев, досегашниот претседател на СДММ Куманово Младен Давидовиќ, градоначалникот Зоран Дамајновски и пратеникот Оливер Спасовски.
Сите ги повикаа младите на сполотеност и заедништво во битката за остварување победа на престојните избори.
На изборната конференција беше избрано и ново раководство на младите. Во надзорниот одбор се избрани: Стефан Величковски, Ивана Денковиќ, Александра Николиќ, Стефан Јордановски и Мартин Јовчевски.
Членови на извршен одбор се : Дејан Ивановски, Томче Илиевски, Младен Крстевски, Владимир Петрушевски, Марио Доневски, Давид Вељковиќ, Даниел Стаменковиќ, Даниел Димитровски, Сања Јовановска, Мартин Захариев, Кристина Станојковска, Ана Анѓеловска, Дијана Ангеловска, Емил Тошевски, Давид Цветковиќ, Бојана Михајловиќ, Мартин Ивановски и Кристина Анѓеловска.