×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Влетал со кола во летна бавча

    27.06.2010 16:24 | KumanovoNews

     А.Ш.(23) од Куманово со својот автомобил влегол во летната бавча на кафе барот „Клуб„ на Градскиот плоштад во Куманово.

    Влетал со кола во летна бавча

     Инцидентот се случил утринава во 4 часот по полноќ, кога А.Ш., со свои четворица пријатели излегол од угостителскиот објект, а потоа се вратил со опел астра со швајцерски регистарски таблички и преку плочникот на плоштадот со голема брзина влетал во бавчата. Пред да го напушти објектот насилникот се скарал со сопственикот на клубот околу плаќање на сметката.

     Според очевидци А.Ш. кој бил под дејство на алкохол бил истеран од кафе-барот затоа што со своите пријатели не сакале да го платат направениот дол. Тој се расправал со газдата и револтиран излегол.  За двесетина минути се вратил, откако со колата влегол на плочникот кај Тутунска банка. Почнал да вози со голема брзина и луѓето што во тоа време биле на плоштадот бегале настрана за да не ги презгази. Возилото удрило во жардињерите на летната бавча и тука застанало, па никој од гостите не бил повреден. Насилникот излегол од колата со шипка во рацета за да се пресмета со сопственикот, но бил спречен во намерата. А.Ш. е приведен во полицијата и против него ќе следува соодветна кривична пријава.