×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот да изгради паркинзи, па тогаш да пушти пајак

    14.01.2011 12:33 | KumanovoNews

     ВМРО-ДПМНЕ бара од градоначалникот и ЈП „Чистота и зеленило„ да го пролонгираат воведувањето на пајак службата, се додека не се обезбедат доволни паркинг места за автомобилите во градот.

    ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот да изгради паркинзи, па тогаш да пушти пајак

    Во спротивно од партијата сметаат дека проектот е уште една скриена манипулација со гласачите, којa сега како приоритет се реализира на штета на граѓаните.  

    Од утре како што е најавено, по улиците ќе крстосува пајак и ќе ги крева непрописно паркираните возила.ВМРО-ДПМНЕ смета дека тоа е во ред, и ние се залагаме за расчистување на сообраќајниот хаос, кој се создаде со воведување на тотално нефункционалниот еднонасочен сообраќај.Но, ги прашуваме градоначалникот и советничката група на СДСМ кои го изгласаа овој проект, зошто прво не обезбедите доволен број на нови паркинг места, за да без ни малку грижа на совест пуштите да работи пајак-службата. Ако мислите да се вадите со паркинг местата кои ги нацртавете по улиците со два килограми фарба пред изборите, мора да ви кажеме дека со тоа придонесовте за поголем хаос на улиците и пак не го решивте проблемот. Излезете и кажете им на кумановци каде да ги паркираат своите возила, а да не бидат кренати од пајакот - изјави Бобан Николовски, координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

    Од партијата ги повикааа градоначалникот и СДСМ да престанат да цртаат фиктивни паркинг места, туку да почнат да ги исполнуваат предизборните ветувања за изградба на катни гаражи во центарот на градот што ги најавуваа како капитални проекти.