×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВМРО-ДПМНЕ:Не прашувавме затоа што ги знаеме одговорите

    28.11.2014 13:32 | KumanovoNews

     Советниците од ВМРО - ДПМНЕ денеска на прес - конференција, објаснија зошто на вчерашната седница на Совет не поставија ниту едно прашање.

    ВМРО-ДПМНЕ:Не прашувавме затоа што ги знаеме одговорите

    Тие тврдат дека ги знаат одговорите на градоначалникот напамет, а тоа е дека општината нема пари или централната власт нема слух за Куманово.

    Од партијата велат дека општинската власт на предходните седници давала несоодветни одговори на нивните прашања или истите биле прифаќани со иронија и исмејување.

    “ Имавме, како и секогаш подготвено многу прашања меѓу кои : Дали планирате да превземете нешто за превенција на поплавите кои последниве неколку години го зафаќаат Куманово, или ќе чекаме да се случат повторно, па тогаш да бараме начин да им помогнеме на оштетените? Кога на улиците на Куманово ќе профункционира пристојно јавно осветлување, за кое граѓаните редовно плаќаат? Кога и дали градоначалникот мисли да го реализира своето предизборно ветување дека ќе се намали цената за паркинг во Куманово? Кога и дали се планира дислокација на такси станицата на улица “Тонко Димков“, која претставува пречка за нормално движење? Кога и дали се планира реконструкција на мостот на улица “100„ во населба Карпош“, - изјави Драган Петковски, советник.

    На прес - конференцијата му порачаа на градоначалникот да се зафати со реализирање на предизборната програма, а организирањето на концерти со сомнителни ѕвезди од соседството да го препушти на агенции кои се основани за таа дејност.