ВМРО-ДПМНЕ подели пакетчиња на децата со посебни потреби
28.12.2010 13:02
| KumanovoNews
Општинското раководство на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката Дарка Петушевска денеска го посетија Центарот за лица со посебни потреби до 18 години и на децата им поделија новогодишни пакетчиња.

Нова година е празник за сите, ние не ве заборавивме и дојдовме да ви надоместиме дел од она што ви недостасува.Вие заслужувате многу повеќе внимение и затоа сакам да ви ја честитам Новата година и да ви посакам во 2011 година да се гледаме порасположени и да ни дојдете на гости заедно да другаруваме - рече претседателот Јордан Пачков.
Во знак на благодарност, дечињата на гостите им подарија сувенири и честитки што самите ги изработиле.