Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција го подржаа протестот на авто-превозниците од градот кои го обвинија градоначалникот и локална власт за местење на тендерите, поради што тие останале без работа.
Тие сметаат дека тоа е потврда за аномалиите во работотењето на основните и средните училишта, кои се под директна контрола на СДСМ и Градоначалникот.
Дали тендерските услови се поставуваат така за да можат да ги исполнат само фирмите блиски до локалната власт? СДСМ да одговори дали се тоа истите комбиња и автобуси кои активно беа вклучени во политичката кампања, излепени со ликот на Зоран Дамјановски? Дали тоа е условот за добивање на вакви тендери? Дали се точни обвинувањата дека се пријавуваат многу поголем број на ученици од реалното, за да посочените превозници добијат поголеми финансиски сретства, а со што се нанесува директна штета на Буџетот на Република Македонија? Знаејќи дека директорите на училиштата се само споредна фигура во оваа ситуација, прашуваме кој е мозокот на целата оваа финансиска шема?- праша портпаролот Игор Божиновски.