Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција ги отфрли информациите дека има раскол во Унијата на жени, а веднаш потоа соопшти дека поранешната претседателката си поднела неодповиклива оставка и на нејзино место е назначена пензионерката Злата Божиновска.
Најостро ги отфрламе шпекулациите што се појавија во некои медиуми во врска со функционирањето на Унијата на жени. Нашата партија и сите нејзини органи во која спаѓа и унијата од секогаш била и ќе биде, компактна целина која се темели на принципите на единство, солидарност и максимална посветеност кон остварување на зацртаните партиски и политички цели - рече портпаролката на огранокот Тамара Петрушевска.
Таа ја извести јавноста дека поранешната претседателка Маја Стојадиновскаси си заминала од функцијата поради лични причини, по што во изборна постапка на нејзино место доаѓа Злата Божиновска.
Благодарна сум на партија што ми ја даде довербата да сум на ова одговорно место, и сигурна сум дека Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, ќе продолжи со своите успешни активности, во предизвикот што ни претстои во периодот на предвремените парламентарни избори -рече новата претседателка.