ВМРО- НП ги објави носителите на изборните листи
Генералниот секретар на партијата, советник во Советот на Општина Куманово Миле Јакимовки, ќе биде носител на листата во четвртата изборна единица, која го покрива струмичко-гевгелиско- прилепскиот регион.

„Секако дека повеќе ми значи да сум носител на листата во изборната единица од каде што доаѓам, меѓутоа ова е одлука на партијата. Како поранешен државен секретар во Министерството за земјоделие, можам да дадам поголем допринос во решавње на проблемите на граѓаните во овој дел на државата-изјави Јакимовски за Kumanovonews.
Во двојката, листата ќе ја предводи Љупчо Балковски, поранешен министер за транспорт,а во првите пет кандидати најверојатно ќе биде и претседателката на општинскиот комитет Елизабета Симоновска.