×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВМРО се сомнева како Дамјановски ќе ги троши парите од Владата

    31.03.2011 10:03 | KumanovoNews

     Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Петар Поп Арсов и Влатко Ѓорчев, синоќа прашаа како градоначалникот и локалната адмистрација ќе ги потрошат парите за развој на локалната водоводна и канализациона инфраструктура што неодамна ги добија од Владата.

    ВМРО се сомнева како Дамјановски ќе ги троши парите од Владата

    Тие изразија голема загриженост каде ќе завршат доделените сретства, бидејќи сметаат дека  досегашното искуство на градоначалниците не  дало позитивни резултати.  

    Издејствуваме Куманово да добие највеќе владини средства. Дури 3,5 милиони евра или 33 евра по глава на жител за разлика од другите општини за кои се издвоени 3 евра по жител - рече Поп Арсов на Трибината, која се одржа во Центарот за култура.

    Тој обвини дека сите досегашни градоначалници од СДСМ вклучувајќи го и актуелниот само го затскривале проблем за неразвиеноста на канализационата и водоводна инфраструктура во Општината, но проблемот секогаш испливувал на површина. Поп Арсов изрази сомневање дека владнити пари ќе бидат рационално потрошени, како што тоа го сторил градоначалникот на Свети Николе, кој  правилно ги употребил парите наменети за развој на  комуналната инфраструктура.

    Пратеникот Ѓорчев се осврна на владините проекти што се се гради и кој ќе биде бенефитот за сите граѓани.