Внук истепал баба, па се заканил на сосед и нападнал полицаец
15.09.2023 12:40
| Сузана Николиќ
Триесет и четриргодишен кумановец ја тепал неговата баба, а потоа се заканувал на сосед и нападнал полицаец.

„Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.К.(34) од Куманово, затоа што физички ја нападнал неговата баба, со остар предмет се заканил на сосед и при приведувањето физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија“, соопшти Кумановската полиција.
Н.К. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.