Во базенот на ФЗЦ Сашо го фати светиот крст
19.01.2011 13:06
| KumanovoNews
Сашо Лазаревски(25) од населбата Гоце Делчев, го фати светиот крст фрлен во водите на базенот на Ловечкиот дом во Куманово. Сашо има единствена желба оваа година да се вработи, а крстот го фаќа по трет пат.
Досега сум скокал шест пати во базенот, а ова ми е трет пат како го фаќам крстот. Се надевам дека оваа трета-среќа ќе ми донесе работно место, а пред се многу здравје и среќа- вели Сашо.
Тој вели дека ја почитува верата и традицијата и ќе продолжи и наредните годнини да се натпреварува во фаќањето на крстот за празникот Богојавление-Водици. Тој доби и подароци.
Фрлањето на крстот во осветените води на базенот во Ловечки дом беше масовно посетено од граѓаните и претставници од политичкиот живот во градот.

