Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со пригодна програма на учениците, беше одбележана 67 годишнината од загинувањето на Карпош.
Основното училиште „Христијан Тодоровски-Карпош„, денеска го прослави патрониот празник. Со пригодна приредба на учениците, беше одбележана 67 годишнината од загинувањето на Карпош. На патронот му предходеа повеќе активности на учениците и наставниците, меѓу кои беа одржување на ликовна изложба, спортски натпревари, како и литературно читање посветено на македонскиот народен херој. На присутните гости им се обрати, и за постигнувањата во училиштето во мината година зборуваше директорката Стојка Спасовска. На прославата присуствуваа градоначалникот на општината Старо Нагоричане, советници, претставници од другите училишта, граѓани и ученици.