Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во завршна фаза се подготовките за изградба на стационарот за собирање на кучињата скитници во земјоделското училиште „Киро Бурназ„ во Куманово.
На површина од 200 метри квадратни метри, запуштените објекти ќе се преадаптираат во прифатилиште по најсовремени стандарди.
Проектот е готов и чекаме градежна дозвола од Општината, а потоа согласно законските прописи ќе започнат градежните работи- вели директорот Горан Јовановиќ.
За санација на објектот се потребни 1,5 милиони денари, а целиот проект чини 4 милиони денари што ќе се обезбедат од Буџетот на Општината. Дел од сретствата ќе бидат барани од странски партнери. За потребите на станцинарот ќе бидат вработени неколку лица.