Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Регионалната депонија на североисточниот регион ќе се гради со сретства од ИПА фондовите на Европската унија.
Вака одлучил советот на градоначалници, кои имаат обврска до септември наредната година да ја завршат изработката на планот за управување со отпад, по што ќе алицираат со проект за изградба на регионална депонија.
Советот на градоначалници одлучи регионалната депонија да се гради со пари од ИПА фондовите, што е подолга, но посигурна процедура. Реално, со изградбата би се почнало во 2017 година. Управувањето со депонијата и услугата ќе биде јавна.- велат од Министерството за животна средина.
Во североисточниот регион спаѓаат општините Куманово, Крива Паланка, Старо Нагоричане, Кратово, Ранковце и Липково. Локацијата за депонијата не е одредена, но се планира да биде во селото Добрешане каде што се предвидува изградба на фабрика за горење на сметот.
Во дел од регионите депониите ќе се градат со јавно-приватно партнерство и издавање под концесија.