Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Една жена, доктор на наука и 16 магистри се меѓу 26 739 лица невработени во Куманово.
Според податоците од Агенцијата за вработување, заклучно месец август, од вкупниот број регистрирани невработени на ниво на општина Куманово 17 997 лица се од градот, а 8742 од селските средини.
Најголем број од лицата без работа 6 924 се со ниски квалификации, со средно стручно образование има 5972, со виша школа 252, со високо стручно образование 948, но меѓу невработените има и 16 магистри и еден доктор на науки.
Само за споредба, бројот на граѓаните кои чекале да добијат вработување преку агенцијата во истиот период лани изнесувал 28 961 лица.Иако бројот на невработените е назначително намален, Куманово е втор град по бројот на невработени во државата.