×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово изградени над 26,5 илјади дивоградби, повеќето легализирани

    02.03.2023 09:21 | Оливера Пешевска

    Над 26,6 илјади барања за легализација на незаконски изградени објекти поднеле граѓаните на Куманово.  Откако е донесен  Законот за легализација на бесправно изградени објекти за прв пат во 2011, потоа и во 2015  и во 2018 година,  голем дел од објектите се легализирани.

    Во Куманово изградени над 26,5 илјади дивоградби, повеќето легализирани

    Рокот за поднесување на барањата за легализација е завршен кон крајот на 2018, но се уште се работи интензивно и се постапува по доставените барања од граѓаните.

    „Постојано се достaваат документи кои треба да се потпишат во моментов - дел од нив се испраќаат за барање на мислење во различни институции, за дел се изработува урбанистичка согласност, а некои се и во фаза на решение. Има доста тековни предмети на кои се работи интензивно“, изјави Емилија Сларидис Јаневска, раководител на Секторот за урбанизам на Општина Куманово.

    Таа додава дека барањата за легализација главно се со позитивни решенија, затоа што со тоа не се нанесува финансиска штета на граѓаните за уривање на веќе изградени и најчесто и населени спратови или доградби на приватен имот. Од тоа има бенефит и општината- подоцна се наплаќа данок на имот на легалзираните објекти, со што се полни локалниот буџет.

    Некомлетна документација е главната причина за одбиените предмети.

    „Нема многу одбиени барања, некаде околу 3-4 илјади се одбиени поради некомплетна документација, најчесто одсуство на елаборати. Инаку во самата постапка ретко кога се одбиваат барањата на приватните лица“,објаснува Сларидис Јаневска.

    Што се однесува до јавните институции и објекти кои исто така се нелегално изградени за нив е надлежно Министерството за транспорт и врски. Најчесто се работи за училишни згради, административни згради, театри - точната бројка не е позната за локалната власт, затоа што постапките за објекти од државно значење од прва категорија се водат на национално ниво.