Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Снегот кој падна викендов се стопи, а останаа само ниските температури.
Малку снег се задржа на покривите и на осојничавите места, но улиците се чисти и проодни. Температурата утринава изнесувала -9 степени Целзиусови.
Куманово засега нема снежна обвивка. Потребно е висината на снегот да биде над 1 цм за да се измери и евидентира. Во останатите градови снежната покривка е од 1 до 12 цм снег - велат од УХМР.
Од Општина Куманово информираат дека вчера во источната и западната зона во градот се фрлени вкупно 40 тони сол. Од РЦУК велат дека патиштата кон сите села во кумановскиот регион се проодни.
Нови врнежи од снег можно е да има утре и задутре. Според временската прогноза утре температурите ќе се движат до 2 степени, а во среда максималната дневна температура ќе биде до 5 Целзиусови степени. Утринските температури ќе бидат под нулата.