×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово се повеќе жени болни од рак

    30.08.2010 09:52 | KumanovoNews

    Пред неколку месеци во Кумановската болница изваден е миом на матка тежок над 5 килограми, а најголемиот тумор кој бил отстранет  изнедувал 13.5 килограми.

    Во Куманово се повеќе жени болни од рак

    Во Куманово расте бројот на жените кои заболуваат од малигни тумори на матката и јајниците. Неретки се и миомите кои се почесто се појавуваат.

    Тоа се бенигни израстоци од мазното мускулно ткиво на матката кои растат на различни места и во различен облик. Статистиката покажува дека околу 20-50 проценти од жените имаат миом,пред се поради неинформираноста на жените.

    Пред неколку месеци во Куманово извадивме миом на матка на 45 годишна жена, кој тежеше над пет килограми,а неретко се случува да отстрануваме тумури и поголеми од овие.Најголемиот тумор кој годинава го извадивме беше тежок 13.5 килограми. За жал морам да признам дека голем е бројот на жените во Куманово кои во последните 10-20 години не посетиле гиниколог или не отишле на преглед по нивното последно породување - вели д-р Нисо Тасев началник на гиниколошко-акушерското одделение во Куманово.

    Гинеколозите советуваат секоја жена годишно да направи најмалку еден гиниколошки преглед и ПАП тест, со што значително ќе се намалил бројот на заболените од оваа болест, а доколку навреме се интервенира додека малигното заболување е во првата фаза, големи се шансите пациентката трајно да се излекува.

    Разработував стратегија во оваа насока и ја предложив сите жени од Кумановскиот регион на возраст од 18 до 60 години задолжително да направат гиниколошки преглед и ПАП тест најмалку еднаш годишно,а истовремено да се опфатат и жените од друго населено место. Идејата ми беше после година дена да се споредат резултатите од овие две места и да се утврди дали  во нашиот регион се зголемува бројот на малигните заболувања како што кажуваат и нашите статистики и дали тоа е поради воените дејствија во последната деценија во овој регион - вели Тасев.

    Малигните тумори на женските органи учествуваат со 25 проценти од сите малигни заболувања кај жената. По ракот на дојката, карциномот на грлото на матката е втор,но во последно време зема се поголем замав.