Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Куманово повеќе од шест месеци трае епидемијата на мали сипаници, каде над сто деца се заболени од оваа заразна болест.
Најголема причина за епидемијата е постоењето на нерегистрирани и невакцинирани лица во населбите Средорек, Перо Чичо и Бавчи, каде што живее претежно ромско население.
Изненадува фактот што родителите многу малку се интересираат за заштита од оваа болеста, која не е лесна и предизвикува доста компликации, и покрај наредбата на Министерството за здравство да се вакцинираат сите невакцинирани лица. Благодарение на вакцината болеста беше сведена на поединечни случаи во земјата за разлика од порано кога болеста завршувала фатално. Вакцината МРП е против три болести и тоа заушки, црвенка и мали сипаници и дава сосема солидна заштита и со една доза, а да биде детето посигурно заштитено се дава вакцината во две дози кои штитат речиси стопроцентно- вели доктор Предраг Георгиевски, епидемиолог во Заводот за здравствена заштита.
Затоа од заводот ги повикуваат граѓаните да ги донесат своите деца на вакцинација заради ставање под контрола на болеста.Помладите до 18 години се вакцинираат со МРП во пунктовите за имунизација во Детскиот диспанзер во Уред и Тоде Мендол, а постарите до 40 години во хигиено епидемиолошката служба во болница. Вакцините се докажано безбедни и се даваат бесплатно.