Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На подрачјето на Куманово, регистрирани се вкупно 3 случаи од областа на сексуалните деликти извршени над малолетници во 2010 година.
На ниво на државата нивниот број изнесува 90 кривични дела, извршени над 75 малолетнци, за што кривично се пријавени 97 сторители.
Сексуалните злоупотреби над малолетници се најзастапени во Прилеп - 16 дела, Штип со 14, 8 во Скопје, во Неготино - 6, на подрачје на Струмица - 5, по четири во Охрид и Велес, по три во Кочани и Куманово, по две дела во Гостивар, Радовиш, Кичево, Крива Паланка, Виница и Битола и по едно на подрачје на Берово, Гевгелија, Пехчево, Кавадарци, Тетово и Струга.
Најголем број од регистрираните сексуални деликти се – “полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“- 61 кривично дело.
Како жртви на половите злоупотреби се јавуваат 52 малолетници до 14-годишна возраст од кои 40 се девојчиња и 12 момчиња. Најмладата жртва е на возраст од шест години, при што во најголем број случаи децата потекнуваат од социјално загрозени семејства.