Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Куманово утре ќе гласаат 180 болни и изнемоштени лица, во Општина Липково 269, а во Старо Нагоричане 8 лица, за претседателските избори.
Еден ден пред изборите ќе гласа и дијаспората, затворениците, лицата во старските домови, болните и изнемоштените лица.
Од вечерва на полноќ започнува предизборниот молк за претседателските избори 2024 година, за кои првиот круг е закажан за 24 април, среда. Но, кампањата за парламентарните избори, закажани две недели подоцна продолжува.
Седум кандидати учествуваат во првиот круг на претседателските избори- актуелниот претседател Стево Пендаровски поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Сиљановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ваковска поддржана од Левица, Максим Димитриевски – ЗНАМ, Стевчо Јакимовска – ГРОМ, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи поддржан од Европскиот фронт. Двајца кандидати кои ќе добијат најмногу гласови, ќе учествуваат во вториот круг на избори на 8 мај.
Можност за гласање на претседателските избори имаат 1.814.317 запишани гласачи, од кои најголемиот број ќе гласаат во државата 1.713.758 граѓани, а во странство ќе гласаат 2.569 избирачи.