Во кумановско наврнаа 25 литри дожд
12.06.2013 10:52
| KumanovoNews
Во изминатото деноноќие кумановскиот регион го зафатија силни врнежи од дожд кои не предизикаа поплави.

Според информациите од Центарот за управување со кризи во Куманово наврнале 25 литри на на метар квадратен дожд.
Обилните врнежи не предизвикаа излевање на реките, а нема пријави од граѓаните за полавени куќи и предизвикани штети-велат од ЦУК Куманово.
Променливото време со врнежи од дожд ќе продолжи и во текот на денешниот ден.