Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Македонски државјанин сакал да прошверцува 400 грама марихуана на граничниот премин Табановце, скриена во кутија за чај.
Царинските службеници при контрола на автобус со македонски регистарски ознаки, пријавен за излез од Република Македонија, во куфер, сместен во багажниот простор, пронашле кутија од чај наполнета со марихуана. Против сторителот е поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.