Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во техничкото училиште „Наце Буѓони“ денеска се одржа презентација за е - отпад за учениците од средните и основни училишта од градот на настава на македонски и албански јазик.
При тоа учениците беа повикани во петок од 9 до 13 часот да се вклучат во собирна акција на е - отпад во дворот на училиштето.
Оваа иницијатива тргна од еколошката секција и електро активот при училиштето и има за цел да ја подигне свеста кај учениците и пошироката јавност за важноста од складирање на е-отпад и намалување на ризик од негова опасност по здравјето кај луѓето. Ја користам оваа прилика да ги повикам сите кои во своите домови имаат ваков вид на отпад да се ослободат од него и да го донесат на собирниот пункт во нашето училиште - изјави Станче Јаневска, професор по електро предмети.
Презентацијата е дел од предвидените активности за меѓуетничка интеграција во образованието.