Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По повод 11 Ноември Денот на градот, денеска градоначалникот организтраше прием за претставниците од МВР, АРМ, Сојузот на борците, резервните старешини, ученици и поранешните градоначалници на Општината Куманово.
Оваа средба се одржува традиционално со цел да оддаде признание и благодарност на локалните институции што и даваат подршката на локалната самоуправа.
Имаме одлична соработка со сите субјекти во градот во спроведување на нашите надлежности. Од огромно значење ни нивната подршка и затоа ги организираме средбите за да поразговараме малку за иднината на Куманово и да размениме мислења како понатаму градот да се развива. Мислам дека сите заедно допринесуваме Куманово да добие еден современ лик со една европска визура за современ град - рече секретарот на Општината Оливер Спасовски.
На средбата со градоначалникот и локалната администрација најмногу се радуваа пионерите и учениците кои првпат влегуваат во Општината. Тие прочитаа неколку песнички посветени на празникот. Поранешните градоначалници се присетуваа како тие се залагале за развој на градот.
Во времето кога јас бев градоначалник се беше на републичко ниво. Проектите кои ги започнавме од тоа време речиси сите се реализирани и драго ми е што значително допринесовме за подобрување на инфраструктурата на нашиот град. Очекувам се да се одвива со побрзо темпо на работа и граѓани да живеат во грд каков што заслужуват - рече поранешниот градоначалник Благе Кипријановски.